Одигран турнирот “Мирче Костов”

23
 Два дена, Богородица беше центар на јуниорскиот фудбал, каде на тревните игралишта во спортскиот центар „Мирата“ беа одиграни 40 натпревари помеѓу 25 екипи од различни градови, кои зедоа учество на 21 Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче
Костов“.
 Со доделувањето на наградите, заврши дводневниот турнир во организација на ЗГ „Митко Ќаев- Баче“ од Богородица.
Во категоријата јуниори- генерација 2010 година, годинашен победник на турнирот е Young boys од Неготино. Второто место
им припадна на „Победа“- Валандово, а третото на „Беласица“- Струмица. За најдобар изграч е избран Марко Ташев, додека Христијан Занов за најдобар стрелец, а Марио Ангелов за
најдобар голман.
 Екипата на Месарница „Купанов“ е прва помеѓу екипите од генерацијата 2011 во јуниорска категорија, а зад нив се екипите на “Победа“- Валандово и „Дојранско езеро“. Титулата за најдобар
играч ја понесе Петар Стоилов, за најдобар стрелец Марио Зајков,
а за најдобар голман Никола Карагонов. Помеѓу екипите во јуниорската генерација 2012, годинашен победник е Месарница „Купанов“, второ место е „Беласица 2“, а трето „Џокер“- Фурка. Филип Лазаров е најдобар играч во генерација 2012, најдобар стрелец Душан Петров, а најдобар голман Филип Петров. Во конкуренција на пријавените екипи од генерацијата 2013 и постигнатите резултати на натпреварите, „Беласица“ го освои првото место, второто „Млаз Инженеринг“, а третото место „Дојранско езеро“. За најдобар играч е избран Иван Ампов, за најдобар стрелец Матеј Атанасов, а за најдобар голман Јосиф
Младенов.
 Организаторот, задоволен од успешното одржување на 21 по ред Меморијален турнир во мал фудбал посветен на нивниот сограѓанин Мирче Костов, уште еднаш ја изрази својата благодарност до сите правни и физички лица кои помогнаа во реализацијата и овозможувањето на најмладите генерации за стекнување здрави навики и спортување со своите врсници.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.