Светски ден на водните живеалишта

75

Втори февруари е  ден за покревање на јавната свест за зачувување на водните живеалишта кои се дом на цели еко системи. Овие водни површини се клучни за опстојување на голем број видови на животни и птици, а повеќе од половина век се одбележува како нивен ден.

Благодарејќи на овој ден, во последните години постојат успешни земјоделски практики кои го поддржуваат сочувувањето  на состојбите на водните живеалишта и се воспоставува природна рамнотежа.

Скопје ЗОО-Зоолошката градина на Град Скопје  има езерце кое е дом на повеќе локални видови на птици кои мигрираат, но и водни живеалишта направени според светски стандарди и слични на природната средина кои се дом на животни и птици од повеќе светски краишта.

Калифорниски морски лав ( Zalophus californianus) е  крајбрежен вид на морски лав од западните делови на Северна Америка, од југоисточна Алјаска до средно Мексико, вклучувајќи го Калифорнискиот Залив. Скопје Зоо е дом на два калифорниски морски лавови- Кан и Гете, кои се омилени кај нашите посетители .

Хумболтовиот пингвин (Spheniscus humboldti) ― јужноамерикански пингвин кој живее главно во Националниот резерват Пингуино де Хумболт на северот на Чиле, иако неговото живеалиште го сочинува најголемиот дел од крајбрежното Перу. Во Зоолошка градина Скопје  имаме група на пингвини кои дојдоа од зоолошки градини од Италија и Русија и веќе три години живеат во заедница и специјално за нив создадени услови за што поголема благосостојба и хабитат најблиску до природниот.

Розово фламинго или големо фламинго ( Phoenicopterus roseus) е  најраспространет вид од семејството на фламингата. Се среќава во делови од Африка, Индискиот Потконтинент, Блискиот Исток и јужна Европа, а во последните години голем број единки од овој вид се забележани и во Дојранското езеро  во одредени периоди во годината.

Нилскиот коњ ( Hippopotamus amphibious) е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на Потсахарска Африка. Денес се смета дека таму има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи  , од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 единки кои за жал веќе се загрозен вид.  Во нашата градина живее нилскиот коњ Буцо, кој е првиот нилски коњ роден во државата.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.