Андреа со песната “Circles” ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022

17

На 4 февруари 2022 директно на програма на МРТВ 1 беше избрана песната која ќе оди на Евровизија 2022 година во мај во Торино, Италија.

Во емисијата „Стисни плеј“ за победничка е прогласена песната „Circles“, на авторот Александар Масевски, што ја испеа Андреа. Беа претставени уште пет други песни, кои пред тоа беа избрани од пристигнатите песни на распишаниот конкурс, а ги испеаја Рис Флауер, Кали, Виктор Апостоловски, Јон, и Лара. Според телевоутингот најмногу гласови освои песната што ја испеа Виктор, дури три пати повеќе од победничката Андреа, но таа ја доби наклонетоста на странското жирито, во кое имаше членови од евровизиските делегации од Израел, Малта, Грузија, Исланд и Ерменија. Гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на странско жири. Од страна на јавноста, вкупно гласале 30.756 гласачи на онлајн платформата- Виктор освои 12.621 глас, зад него се најдоа Кали, Андреа, Јон, Рис Флауер и Лара со најмал број на гласови, односно 1.186. На крај Виктор и Андреа имаа изедначен број на гласови, но според правилникот, пресуден беше бројот на највисоки оценки од жирито што потоа предизвика и реакции во јавност. Песната е на англиски јазик.

Евровизија годинава ќе се одржи од 10 до 14 мај во Торино Италија, благодарение на минатогодишната победа на младата група од Рим “Манескин” , кои станаа светски ѕвезди и рок атракција, најмногу благодарение на харизматичниот вокалист и фронтмен Давиде Дамијано.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.