За повеќето овој ден е почеток на пролетта, многумина пак го доживуваат како Ден на нови почетоци или пак ден кога почнува Новата година. Така и астролозите сметаат, затоа што, на овој ден почнува хороскопскиот знак Овен, кој е прв во редот зодијачки знаци, а пак астрономите нагласуваат дека од овој ден денот и ноќтта полека ги заменуваат саатите во корист на денот.

На овој ден, цвеќињата низ полето почнуваат да мирисаат со мирис на нешто ново и убаво, дрвјата веќе ги добиваат своите пролетни пупки, децата се насмеани а училиштата го користат како ден на Екологијата, ден кога и се оддава почит на природата за да биде почиста.

Многу нешта се врзани за овој ден ( види во рубриката На денешен ден), а ние одлучивме почетокот на работата на нашиот Портал, www.kulart.mk  да го означиме токму на овој ден.

Куларт.мк- Портал за сите страни на животот,  ќе стане  Портал кој на читателската публика ќе и пренесува свежи информации од областа на културата, уметноста, забавата,музиката, модата, патувањата……..Во него ќе го прочитате  Гласот на милениците, ќе ги откривате најактуелните интереси на Младите на кои светот останува, ќе потстетуваме за прекршените детски права, за можностите на развој на младите уметници и културни дејци и многу други нешта од различните страни на животот.

Куларт.мк , ќе информира, ќе иницира разни настани,  ќе укажува, ќе биде гласот на хуманоста и гласот на уметноста и културата. Куларт.мк ќе ви нуди и сатира и хумор, поезија за душа, хитови од областа на музиката и филмот, но…. да остане нешто и тајна.

Не само затоа што е нешто ново, туку веруваме дека ќе шириме позитивни вибрации кон публиката, со сето она што ќе го понудиме  како содржина и како информација, во своите рубрики и со својата работа.

За да не запознаете кликнете www.kulart.mk а ние ви ветуваме убави содржини, кои ќе го задржуваат вашето внимание.

Со почит

Редакцијата на  www.kulart.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.