Детска работилница за видео игри во Радовиш

615

Денеска во соработка со Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш ќе се одржи работилница за изработка за концепт за видео игра за основци на тема „Екологија“ со почеток од 12.30 часот. Децата ќе треба да смислат концепт и да го изработат за време на работилницата во насока на заштита на животната средина. Екологијата е тема која е актуелна и етичкиот однос кон животната средина е клучен за развој на едно општество, култура и економија, а истовремено младите се учат и како да ги користат новите технологии на креативен начин.

Работилницата ќе ја води Петар Котевски – ветеран за развој на видео игри, со долгогодишно искуство од над 15 години во развој на игри. Работел во светски познати студија, како што се Crytek, Microsoft и Bungie. Работел како програмер, дизајнер и креативен директор на игри како Far Cry (PC), 50Cent: Bulletproof (XBOX/PS2), Halo 3 (XBOX360), Halo 3: ODST (XBOX360), Halo Reach (XBOX360), Destiny (PS4/XBOXONE и конечно на авантуристичката игра Sonder (PC). Тој е основач и developer на KAMAi Media, првото студио за development на видео игри ААА во Македонија и во регионот.

Работилницата во Радовиш е дел од проектот „Видео игротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ    поддржан од Министерството за култура.

Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја.   Видео игрите кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.