БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И АВТОХТОНИТЕ СЕМИЊА-ВАЖЕН ЕЛЕМЕНТ ВО ЕДУКАЦИЈАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

381

На 9 и 10 октомври во Крушево, се одржа семинар насловен БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И АВТОХТОНИТЕ СЕМИЊА-ВАЖЕН ЕЛЕМЕНТ ВО ЕДУКАЦИЈАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА во организација на Слоу Фуд Македонија, а поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија.

Семинарот имаше за цел повторно да ги обедини наставниците, директорите и сите оние што се вклучени во  реалзиаацијата и ширењето на програмата Слоу Фуд Училишни градини која се залага за создавање на училишни градини во основношкослките и средношколксите образовни институции во државава.

Семинарот почна со презентација за одбележување на десетгодишниот јубилеј на програмата Слоу Фуд Училишни градини во Македонија, која ја одржа координаторката на програмата проф. Василка Стефановска, која со својот тим и со колешката Сунчица Јовановска ја креира првата училишна градина во 2013 година во ДСУ „Лазар Танев“ во Скопје со поддршка на Слоу Фуд Интернационал. Досега во овој проект вклучени се над дваесет училишта од Скопје, Прилеп, Битола, Могила, Гостивар, Кичево…

За важноста на училишните градини како образовен ресурс предаваше м-р Гоце Бумбароски, член на Слоу Фуд Прилеп и дел од едукативниот тим на Слоу Фуд Македонија. Натаму следеше кусо предавање за можностите за планирање и органзирање на училишните градини од страна на архитектот м-р Даме Димески, член на Слоу Фуд Прилеп и дел од едукативниот тим на Слоу Фуд Македонија.

За вмрежувањето, националната и можносите за интернационална комуникација говореше училишниот психолог Јасна Ѓорѓиевска, член на Слоу Фуд Битола и дел од едукативниот тим на Слоу Фуд Македонија. Ѓорѓиевски исто така ги претстави и досега објавените едукативни материјали и последните три броја на списанието „Полжавче“.

Вториот ден, богата презентација имаше ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево чии претставници беа директорот Горан Карафилоски и координаторот на проектот во училиштето Драган Петрески. Нивното училиште моментално најуспешно ја реалзира програмата на Слоу Фуд Училишшни градини, а и кај нив како и во други училишта стана пракса, изборниот предмет градинарство да се реалзира со помош на едукативните материјали и прирачници на Слоу Фуд Македонија.

Натаму, за водечката тема на семинарот, за биодиверзитет, за неговиот поим, значење и важност, како и ва поимот, значењето и важноста на автохтоните видови растенија и животни говореше земјоделскиот инженер Филип Димкоски, член на Слоу Фуд Прилеп и дел од едукативниот тим на Слоу Фуд Македонија, кој го уредува списанието за училишните активности на Слоу Фуд Македонија, „Полжавче“.

Семинарот, заврши со две работилници и тоа едната посветена на собирање и зачувување на семето од зеленчуковите култури, а втората за препознавање на лековити и зачински растенија. Работилниците ги водеа Јасна Ѓорѓиевска и Филип Димкоски.

За време на еден од  ручеците на семинарот, беа послужени домати од училишната градина на ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, а посетителите на семинарот имаа време за дружба и куса туристичка посета на Крушево.

Една од целите беше да се постигне што подобра комуникација помеѓу вкучените во проектот, да се разменат искуства од оние што веќе го реализираат проектот во нивните училишта и да се даде поттик и насока на оние кои што се на почеток или кои што размислуваат да почнат со реализација на овој проект.

Да се произведе сопствена храна не е мода, туку потреба, а вештината на производството е особено важнно знаење и умеење, па затоа нашата цел е што повеќе училишта во државава да имаат училишни градини за децата уште од најмала возраст да почнат да добиваат практично и теоретско знаење од областа на производството на храна-велат од Слоу Фуд Македонија.

Плакатот за ова издание на семинарот го изработи ликовниот уметник и графички дизајнер Владимир Здравески, а настанот технички го помогна лидерката на Слоу Фуд Прилеп, Тодорка Наумоска Димески.

Проектот е во реализација на Слоу Фуд Водно, а финансиски поддржан од Министерствотот за животна средина и просторно планирање на Македонија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.