Ана Папалазова, ученичка на генерација

55
 Со врачувањето на Решението за парична награда во висина од 15.000 денари на вчерашниот прием, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и го честита стекнатото признание на Ана Папалазова за Првенец на генерација во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија годинава.
Како што го информираше Папалазова, аплицирала за додипломски студии на Факултетот за инфоматички науки и
компјутерско инженерство при Универзитетот „Кирил и Методиј“-
Скопје, насока Софтверско инженерство и информациски системи  и е во исчекување на резултати. Предизвик за запишување на овој
факултет е примената на информатиката во разните области од животот. Како што истакна годинашниот првенец, посебно ја интересира примената на информатиката во медицинските науки.
Имајќи предвид дека како ученик во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија постигнала особени резултати по природните науки, а посебно по математика.
Градоначалникот Сарамандов и посака остварување на нејзините поставени цели и нови достигнувања, имајќи ја неговата целосна поддршка. Нагласувајќи Ана да биде пример за другите кои сакаат да го следат патот на науката.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.