Јана Манева Чупоска застана на чело на ДЛУМ

27
,
Друштвото на ликовни уметници на Македонија на вонредното годишно собрание кое што се одржа на 04.06.2022 година, за нов Претседател на ДЛУМ ја избра ликовната уметница Јана Манева Чупоска.
Јана Манева Чупоска 1996 год. дипломира сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага. Во 2006 год. станува магистар по уметност. 2009 год. запишува докторски студии и станува Доктор од областа на етнологија и дизајн.
Член на ДЛУМ од 1997 год. активна во учество на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка на книги од областа на ликовната уметност и дизајн. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен Професор на високо образовна институција и факултет за арт и дизајн. Менторка на студенти за одбрани на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајн со сопствени излагања во Скопје, Белград, Дизелдорф, Париз, Прага, Загреб и др.
Новиот Претседател на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска ќе раководи со Друштвото во период помеѓу 2022 и 2026 година.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.