21. април – Основан Рим од браќата Ромул и Рем

2814

Според преданијата, најстариот запишан настан на 21 април е оној од 753 г.п.н.е  кога Ромул (латински : Romulus) и Рем (латински: Remus) според Римската митологија биле браќа близанци, синови на богот на војната Марс и Реја Силвија го основале градот Рим. Ромул бил првиот Римски крал.

За митологијата на Ромул, Рем и Рим

Тројанскиот јунак Енеја по падот на Троја долго лутал по светот, и на крај пристигнал во своето засолниште во Италина, во Лацију, каде го основал градот Албу Лонгу.

По смртта на Енеја , со Алба Лонга владале његовите потомци, а кога на престол дошол потомок на Енејев, Нумитор, од престол го свргнал братот Амулиј. По преземање на престол, Амулије го убил синот на Нумитор, а неговата ќерка Реа Силвија ја пратил во храмот на божицата на домашното огниште Веста. Амулиј Реа Силвија ја поставил за „весталка“ – свештеница Веста, затоа што знаел дека „весталке“ не смеат да се мажат, со што Нумитор ќе остане без потомство.

Иако Реа Силвија била свештенчка во неа се вљубил богот на војна Марс, и таа наскоро му родила близанци – Ромул и Рем. Кога кралот Амулиј дознал што се случоло, плаѓејќи се дека браќата ќе му ја одземат власта кога ќе пораснат му наредил на својот роб близнаците да ги фрли во реката Тибар . Ромул и Рем водата ги исфрлила на брегот, во подножјето на планината Палатина, на еден од седумте ридови. Во близина на брегот била волчицата Мартиа – волчицата на богот Марс која е денас симбол на градот Рим. Таа ги нахранила децата со своето млеко и ги одгледала. По некое време децата и волчицата ги открил овчарот. Тој ги зел децата со помош на својата жена Аке Ларенција, ги одгледал без да знае кои се и која им е судбината.

Кога Ромул и Рем пораснале и ја дознале вистината го симнале  кралот Амулиј од власта, Ромул го убил кралот Амулиј и власта му ја вратил на својот дедо Нумитор.

По некое време браќата воочиле дека градит е мал и решиле да основат нов, поголем град. Се договориле основач на тој град да биде оној кој ќе здогледа повеќе птици. Ромул се искачил на ридот Палатин, а Рем на Авентин, Ромул здогледал дванаесет, а Рем шест птици, па така честа да основа нов град му припаднала на Ромул. Тој тогаш заорал бразда околу ридот Палатин. Така Рим почнал да се шири.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.