Концерт по повод сто години од раѓањето на Александар Сариевски

295

Се навршуваат сто години од раѓањето на величествената славна македонска музичка легенда Александар Сариевски и по тој повод годинава, на 15 јули ќе се прави голем концерт во неговиот родно село Галичник, ноќ спроти манифестацијата “Галичка свадба”.
Сариевски е роден во Галичник, а средното образование го завршил во Скопје, кога и започнал да свири хармоника. Во 1946 година во Македонското радио ја снимил песната „А бре невесто око калешо“. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“.
Сариевски е композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Во своите песни, тој ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни, е запишано на википедија.
Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“ со кој постојано патувал низ светот, ширејќи го оригиналниот македонски народен мелос.
Сариевски е најмногу запаметен по интерпретацијата на следниве песни:
„Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке”, „Море сокол пие“,  „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде, Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.
Сариевски почина на 19 декември 2002 година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.